X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vakcini05.11.2018  Започна вакцинацијата против сезонски грип во Центрите за јавно здравје. За Кочани и општините кои што ги покрива кочанскиот центар за јавно здравје, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Зрновци и Чешиново-Облешево обезбедени се вкупно 3.100 дози на вакцина, што е за 700 повеќе од лани, информираат од Центарот.

Станува збор за четиривалентна, висококвалитетна вакцина која заштитува од четири видови инфлуенца две од типот А и две од типит Б и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Досега немаше бесплатни вакцини против сезонски грип, туку за сите лица чинеа по 400 денари.

За првпат годинава, Министерството за здравство на Р.Македонија набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија, појаснуваат од Центарот.

- Пензионерите кои што сакаат да се вакцинираат треба да се јават кај матичниот лекар со чек од нивната пензија, а пензионерите без пензија, со потврда од ПИОМ. Матичниот лекар преку системот „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација во Центарот за јавно здравје Кочани или соодветно во некоја од нашите подрачни единици. Активноста ќе се покрива во склоп на Одделението за Епидемиолошка дејност во Кочани, како и во подрачните служби во Виница, Делчево, Пехчево и Берово.  Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик. За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, можат да се вакцинираат во Центрот за јавно здравје, без закажување, а цената за нив е 650 денари, рече Васил Пендевски, в.д директор на Центар за јавно здравје Кочани.

Од набавените 3.100 вакцини, за оштините Кочани,  Чешиново - Облешево  и Зрновци има 1.200 од кои 900 се бесплатни и 300 комерцијални. За Виница 450 бесплатни со 120 комерцијални. За Пехчево и Берово 550 бесплатни  и 140 комерцијални и за општините Делчево и Македонска Каменица 500 бесплатни и 140 комерцијални.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NNE при 15 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 67 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click