X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradski prevoz06.11.2018  По прекин од три месеци повторно започна да функционира општинскиот линиски превоз на патници во Кочани.

Автобусите возат на релацијата од населбата Оризари преку Усова чешма, Бавчалук, на спојот на улиците „Бел камен“ и „Страшо Ербапче“ до зоната Лесна индустрија. Транспортот на патници го врши компанијата „Тасим“ од Оризари со четири поаѓања дневно од понеделник до сабота, согласно одобрениот и регистриран возен ред. 

Од транспортната компанија рекоа дека од почетокот на обновувањето на услугата до сега немало проблеми.

- Три месеци го немаше превозот и сега после трите месеци нормално е дека луѓето не знаат дека е почната линијата. Највеќе патници има од населбата Оризари до плоштадот и до Болницата. Се вози од понеделник до сабота, секој работен ден, со исклучок на државните празници, рече Влатко Тасов, возач во “Тасим компанија“.

За едно возење патниците плаќаат само 10 денари, односно половина од цената на чинење на билетот, а другата половина ја субвенционира Општина Кочани. Цената за оваа услуга е утврдена со одлука на Советот на Општина Кочани.

Граѓаните се задоволни што повторно функционира превозот, што за нив е поволна опција, особено во поглед на трошоците.

- Каде сум јас, во Трајаново Трло, горе, ми зема 70 денари за такси, а вака со 20 денари не е ништо, ќе си платиме, јас сум во години веќе и не можам да одам... Најмкногу ми се допаѓа релацијата до Подлог и до Оризари што врти низ селото, оти има стари луѓе кои не можат да се искачуваат, а со автобусчето е многу добро. Цената од 10 денари многу реална беше, ако треба и 20 ќе плаќаме, ама има луѓе кои немаат пари, ама одговара и до и 15 денари да е, рекоа граѓаните.

Прекинот во вршењето на општинскиот линиски превоз настана откако претходниот превозник, „Авто атом“, од 1 август годинава престана да ја дава услугата со образложение дека релациите биле непрофитибилни и неисплатливи. 

Изборот на компанијата „Тасим“ е направен по две неуспешно реализирани јавни набавки што ги спроеведе Општина Кочани.

Т. Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NNE при 15 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 66 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click