X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ivica otcet07.11.2018  За само една година од мандатот на новата локална власт во Виница за инфраструктурни проекти во општината се инвестирани над 225 милиони денари.

Таа сума е рамна на вкупните вложувања од претходните осум години, поради што видливи се крупни зафати во изградбата на капитални објекти.

Овие податоци ги изнесе градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, во отчетот за работењето на локалната самоуправа во изминатиот едногодишен период, при што нагласи дека главни приоритети биле намалувањето на задолженоста и изградбата на сообраќајната и комуналната инфраструктура. 

- Во изминатава година извршивме целосна промена на водоводни азбесни цевки со полуетиленски на 12 улици со вкупна должина од 3698 метри. Во овој проект вложивме околу 6,5 милиони денари. Со помош на Министерството за транспорт и врски, кое вложи 14 милиони денари, го подобривме квалитетот на јавната водоводна мрежа во Виница, во иднина планирано е проширување на филтер станицата во градот на која треба да се приклучат сите 180 водомери од Лески на градскиот водовод. Ги поплочивме улиците “Крушевска Република“ и “Даме Груев“, повеќе краци од неколку улици во градот и тротоарот на излезот од Виница кон Берово. Поплочивме 5.450 метри квадратни со бекатон во градот и селата и инвестиравме 3,5 милиони денари. Ја подобруваме и патната градска инфрастриктура. Асфалтиравме и реновиравме 12 улици, а ги пополнивме и дупките на сите останати улици во општината. За оваа намена од буџетот на општината одвоивме 12 милиони денари. Го решаваме 10-годишниот проблем со водоснабдувањето на жителите во Лески. Ископани се 4 бунари кои треба да ги полнат капацитетите на постоечките резервоари. Извршена е санација на селски јаз под црквата “Св.Илија“ во Блатец. Пробиен е пат за пристапност до Маалска чешма во село Драгобраште, маало Криворамци. Изграден е потпорен ѕид во село Лаки. Направени се бушотина за вода за пиење во село Драгобраште, маало Чукарлии. Го решивме проблемот со бактериолошки неисправната вода за пиење во село Трсино. 730-те жители наскоро ќе добијат питка вода со проверен квалитет, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Во освртот за едногодишното работење, градоначалникот на Виница рече дека посебно внимание се посветува на унапредувањето на социјалната грижа и на подобрувањето на условите за младите. 

-За основците, со помош на Министерството за образование и наука, градиме нова спортска сала во рамки на училиштето „Славчо Стојменски“. Проектот е проценет на 25 милиони денари. Во подрачното основно училиште „Никола Парапунов“ во Трсино поставени се 32 фотоволтаични панели кои ќе ни заштедат енергија. На интернатската зграда за деца со посебни потреби во Блатец поставуваме енергетско ефикасни фасади и ја менуваме дрвенаријата. Вредноста на инвестицијата е 33.750 евра, средствата се обезбедени од УНДП. Нашите планови се да изградиме социјална зграда за лицата од ранливите категории. Овој проект е влезен во финансискиот план во Министерството за труд и социјална политика. Го помагаме и дневниот центар за лица со посебни потреби. На 22 студенти со низок социјален статус им доделивме стипендии во висина од 2.200 денари во времетраење од 9 месеци, додаде Димитров.

Димитров нагласи дека за развојот на спортот и унапредувањето на културата инвестирани се над 2,5 милион денари, а за одржување на комуналната хигиена и за набавка на ровокопач за комуналното претпријатие се инвестираат над 5 милиони денари. 

Градоначалникот на Виница потенцираше дека во изминатиот едногодишен период е намалена цената на водата за пиење и таа е најниска во државата.

Во моментот активностите на Општината се насочени кон изработка на детални урбанистички планови за повеќе локалитети, како и на техничка документација за кружен тек во централното градско подрачје и за реконструкција на кино салата.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NNE при 15 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 67 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click