07.11.2018 Со натпреварот помеѓу двете средни кочански училишта стартуваа општинските училишни натпревари во футсал - машки.
Во спортската сала во ОУ „Никола Карев“ учествува екипите на СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо сантов“. Екипата на училиштето „Гошо Викентиев“ извојува убедлива победа со резултат од 9:3 над училиштето „Љупчо Сантов“ со што си обезбеди учество на регионалниот турнир во футсал за средни училишта што ќе се одржи за две недели.
Учениците беа предводени од професорот по спорт и спортски активности Спирко Златков.
-На 6. ноември се одржа општински натпревар во футсал машки помеѓу двете средни училишта во Кочани. Нашето училиште СОУ „Гошо Викентиев“ издвои убедлива победа со 9:3. Играта беше добра и немаше никакви забелешки. Понатаму следува регионален натпревар помеѓу средните училиштата од Каменица и Делчево и нашето училиште, при што два натпревари ќе се играат во Кочани и два во Делчево. Најдобрата екипа продолжува во зонскиот натпревар кој што најверојатно ќе се игра на почетокот на 2019 година, рече Спирко Златков, професор по спорт и спортски активности во СОУ „Ѓошо Викентиев“.
На учениците од победничката екипа им претстои двонеделен подготвителен период во кој што ќе се подготвуваат и ќе тренираат интензивно за да можат преку победа да стигнат до зонскиот, а потоа и на државниот турнир во футсал за средни училишта.
Т. Велкова