08.11.2018 Општина Кочани беше домаќин на претставници од граѓански организации од Молдавија и Албанија кои се вклучени во проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“, што со поддршка од Фондот за развој на жените на Обединетите нации - UN Women се реализира во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија.
На средбата во Локалната самоуправа беше речено дека целта на проектот е да се унапредат вештините и знаењата за анализа на програмите и буџетите на централно и локално ниво, а кои што се однесуваат на родово одговорното буџетирање.
-Користењето на алатката за родово одговорно буџетирање е во многу понапредната фаза во нашата земја отколку во Република Молдавија и Република Албанија, особено на локално ниво. Сметаме дека токму Општина Кочани има добра практика што треба да се сподели со нашите колеги од овие две земји, но во исто време сакаме да покажеме како општните во Македонија соработуваат со невладините организации користејќи родово одговорни анализи истовремено правејќи влијание за промена на локалните политики и буџети, со цел подобрување на квалитетот на живеење и унапредување на родовата еднаквост, на односите меѓу мажите и жените во општината, истакна Марија Ристеска, координатор во Фондот за развој на жените на Обединетите нации.
Претставници од комисијата за родова еднкавост на општина Кочани ја презентираа родово буџетската анализа на Локалниот акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура на Општина Кочани за периодот до 2020 година што ја изработена Здружението „Радар“ од Скопје.
Т. Ајтовски