X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodici kocani 201921.01.2019  22-годишниот Ристе Ристов  од Кочани успеа меѓу 40-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на Кочанска Река по повод празникот Богојавление - Водици. Седум пати до сега се пријавува за овој чин и конечно упорноста му се исплати и  му се насмеа среќата да го фати Светиот крст.

Најсреќниот Ристов со неговите другари според обичајот ќе ги посетат семејствата во градот, кои го даруваат крстот со пари за здравје и среќа.

Тој пред сите присутни ја даде христијанската изјава и посака Бог да му дари здравје на него и неговите најблиски.

Празнувањето на верскиот  празник  Водици во Кочани е еден  од најмасовните црковно - верски манифестации. Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на кочанска река присуствуваа  голем број верници. Чинот на потопување на Честниот крст и осветување на водата го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион со свештеници од Брегалничката епархија.

Годинава чинот на потопување на крстот помина без многу награди за момчето кое го фати. Причината е да не бидат наградите повод да се пријавуваат момчињата  за скокање,  туку верата во Бог. Кочанскиот храм му подари Свето писмо - Библија, а подароци врачија и градоначалникот Николчо Илијев  и фармацевтската компанија „Зегин“.

Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во храмот „Св. Вмч. Ѓорги“ се одржа Света Божествена .по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот во паркот каде се потопуваше крстот.  Успешно помина и лицитацијата на иконите и  крстот а оние кои што  ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови  40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: North при 0 kmh
Сабота-7°C/0°C
Недела-7°C/4°C
Понеделник-5°C/8°C
Вторник-2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 33 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click