13.02.2020 Јубилејот 20 години од отворањето на експозитурата во Кочани, УНИБанка го одбележа со свечена прослава што се одржа во средата вечерта во ресторанот „Амор“, а на истата присуствуваа голем број гости, клиенти и соработници од источниот регион на земјата. Како домаќин, градот Кочани приреди програма со која се создаде одлично расположение за присутните.
- Ова е свечен момент за сите вработени од експозитурата но и за клиенти на банката. Денес може да бидеме горди на многубројните проекти кои ги имаме финансирано во изминативе 20 години, преку кој нашите клиенти успеаа да ја зголемат вредноста на своите компании, да станат поуспешни и поконкурентни на пазарот.
Како тим и понатaму ќе одговориме на потребите на нашите клиенти, квалитена услуга и широка лепеза на банкарски продукти и услуги и нивно успешно спроведување што не прави различни во однос на другите банки. Ве уверувам дека и во иднина ќе проолжиме да бидеме Ваш партнер кој ги разбира Вашите индивидуални потреби и застанува смело позади Вашите бизнис идеи, изјави раководителот на експозитура Кочани, Марина Апостолова.
Специјално за поводот, на свеченоста присуствуваа г-ѓа Милка Тодорова, Претседател на УО и Извршен директор на УНИБанка, г-дин Делчо Крстев, член на УО и Извршен директор на УНИБанка и г-дин Иво Зимоски, директор на Мрежа експозитури на УНИБанка.
- Благодарам на целиот тим од нашата експозитура во Кочани, за нивниот професионализам и постигнатите високи резултати. 20 години не се малку, тука не застануваме. Вие покажавте голем ентузијазам, ја стекнавте довербата на голем број клиенти, физички и правни лица, кои ги доверуваат своите средства на вас, за кои што најискрено Ве поздравувам, рече г-ѓа Милка Тодорова.
Експозитурата на УНИБанка во Кочани е лоцирана на “Кеј на Револуција” бр. 5, влез 2 и 3 и е со работно време од понеделник до петок от 8:00 до 16:00 часот.