21.04.2020 Состојбата со коронавирусот во кочанскиот регин не бележи поголеми промени, а од Министертсвото за здравство потврдија дека уште две лица од Кочани се евидентирани како заболени. Во меѓувреме се зголемува и бројот на ние кои претходно беа на листата на заболени, а се веќе излекувани,
Од ресорното министерство информираа дека Институтот за јавно здравје на ниво на целата држава регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови. Петмина излекувани пациенти се евидентирани во Кочани, по четворица во Скопје и Дебар, по тројца во Штип, Прилеп и Тетово и по еден во Струмица и Куманово.
Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на КОВИД-19 во земјава. Од нив три случаи се во Тетово и по двајца во Куманово и Кочани. Со тоа вкупниот број на заболени регистрирани во Центарот за јавно здравје во Кочани се искачи на 28.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1.231, а во болницата „8 Септември“ починал пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатото деноноќие направени се вукпно 207 теста, при што на Инфективното одделение во болницата во Штип на болничко лекување се четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, информираа од Министерството за здравство.