Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

krizen stab Kocani-sostanok  19.03.2021  Кризниот штаб на општина Кочани на денешниот работен состанок усвои заклучоци за примена на неколку мерки за заштита од ширењето на коронавирусот на локално ниво.

 

Општинските сообраќајни инспектори, во соработка со Полициската станица од Кочани ќе прават засилени контроли на почитувањето на одредбите за јавниот превоз на патници и на вработени во претпријатијата, ќе се контролира употребата заштитните маски и држењето на пропишаното растојание, а на родителите им се препорачува во наредниот период нивните деца да го избегнуваат користењето на детските забавни паркови.

 

 

 

 

-Зголемениот број позитивни граѓани и пациенти со Ковид-19 во нашата општина последните неколку дена е причина да реагираме итно, како превентива од засилување на епидемијата. Кризниот штаб донесе заклучок да ја ангажира Територијалната противпожарна единица за редовна дезинфекција на фабричките простории, влезовите и лифтовите во зградите и сите простории каде има зголемено присуство на луѓе, а комуналното претпријатие ќе ги дезинфицира јавните површини и локациите каде се одлага отпадот, истакна градоначалникот Николчо Илијев, кој е и претседател на Кризниот штаб на Кочани.  

Состојбата во училиштата е стабилна, а во детската градинка „Павлина Велјанова“ три деца и една воспитувачка се во домашна изолација поради контакт со позитивни лица.
Во кочанската болница се хоспитализирани осум пациенти со потешки симптоми, од кои петмина се со кислородна поддршка. Се очекува наскоро да биде ставена во функција модуларната болница, со што ќе се овозможи подобар третман и зголемен капацитет на болнички кревети.
Во моментот регистрирани се 198 активни случаи на заболени од Ковид-19, а дневно се прават по околу 60 тестови во Општата болница и во Центарот за јавно здравје во Кочани.
Т. Ајтовски
©2021 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
 
 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code