02.10.2013 Нов случај на силување малолетник се случил викендов во Кочани. 15-годишниот У.К. Во саботата околу 19 часот успеал со измама да натера осумгодишно дете од соседството да излезе од дома, по што заедно се упатиле кон месноста “Полатски пат“.
Откако се оддалечиле од последните куќи постариот малолетник се нафрлил врз детето и извршил полов напад. Со закана да не кажува никому што се случило, У.К. на детето му дал и одредена сума пари. Кога се вратило дома на своите најблиски воопшто не им спомнало за нападот.
Сепак, по неколку дена стравот попуштил и тоа раскажало што му сторил неговиот повозрасен сосед. Случајот веднаш бил пријавен во кочанската Полициска станица од каде излегле на увид.
По преземените истражни дејства и испитување на насилникот, против него е поднесена пријава за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.
Т. Ајтовски
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.