04.10.2013 Учениците да имаат современо едуциран учител, прилагоден на современите услови на настава кој е креативен во работата е целта на одбележување на денот на учителот 5 октомври. По повод „Денот на учителот“ ОУ „Св. Кирил и Методиј“ распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Мојот учител“. Право на учество имаа сите ученици од училиштето. Наградите на најуспешните творци им беа доделени на свечената активност во училиштето по повод одбележување на денот.
-Нашето училиште му дава поголемо значење на Светскиот ден на учителот затоа што ние сме образовна институција во која што носител е токму учителот. По тој повод нашето училиште објави ликовен и литературен конкурс на кој учениците твореа, пишуваа песни, сликаа цртежи на тема „Мојот учител“. Од мое име на сите наставници им го честитам денот и им посакувам плодна и успешна работа со учениците , рече Весна Зашева, директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
Жири комисијата имаше тешка задача да ги избере најдобрите меѓу најдобрите. Наградени се 7 ликовни и 6 литературни творби. За ликовни творби наградени се учениците Мони Манчовска, Меѓи Ѓоргиева, Ана Алексова, Кире Стојанов, Љупка Коцева, Кети Зашева, Јована Зашева. Од литературните за најдобри беа избрани творбите на Александар Ѕмбов, Дарио Павлов, Иван Анастасов, Славица Томова, Елена Крстева, Љупка Коцева.
На активноста во училиштето им беа доделени дипломи на наградените ученици и се пееја песни за учителите. Инаку, централното одбележување на Денот на учителот што го организира Општина Кочани е закажано за 10 октомври, на Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“ кога ќе се организира и свечениот прием на првачињата во Детската организација.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}