07.10.2013 Преку игри и песни децата од ДГ „Павлина Велјанова“ се вклучија во одбележување на „Светската недела на детето“. Во рамките на овој настан се одржаа активности во клон еден и три каде за уметничко - програмскиот дел се погрижија воспитувачките и децата од средните и големите групи.
-Покрај редовните активности што ги реализираме во текот на целата година од денеска започнуваме со одбележување на „Неделата на детето“. Децата од втора мала група работат колаж , од средната група изработуваат креации со пластелин и големата група реализира работилница на тема „Оживување на овошјето и зеленчукот“. Игравме и игрички и рецитиравме стихови за детството на тој начин децата го научија значењето на „Неделата на детето“, истакна Јасмина Златкова, воспитувач во голема група.
Во клон три се играа игри од областа на физичко воспитување. Децата беа активни и разиграно ја одбележаа неделата.
Со активностите за одбележување на неделата на детето вработените во градинките покажуваат дека посилни се кога се заедно, па и радоста тогаш е уште поголема. Неделата на детето е значајна манифестација за сите деца затоа што тоа се денови кога се споменуваат правата на децата кои треба да се почитуваат во текот на целата година. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите во сите возрасти добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во утрешнината, беше кажано на манифестацијата.
Манифестацијата продолжува наредните денови, во вторник активности ќе имаат децата од клон 2 кои ќе бидат од областа на математиката, а во среда своите вештини во ликовната уметност ќе ги покажат децата од клон 4.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
|700|525|0{/youtube}