28.10.2013 Невестите кои стапиле во брак оваа година, во саботата ден пред чествувањето на празникот Петковден го посетија православниот храм „Св. Вмч. Ѓорѓи“.
Дојдоа заедно со своите свекрви и мајки и ги запалија свадбените свеќи. Се служеше вечерна богослужба во сабота, а на празникот во недела божествена литургија.
-На овој ден дојдовме да ги запалиме свеќите од свадбата. Дојдена сум со мојата свекрва и многу убаво се чувствувам, рече Мирјана Ѓорѓиева, верник.
-Денеска доаѓаат снаите на црква. Месат погача за здравје и носат вино. Мајка Параскева им дарува пород и здравје, рече Стојка Цекова, верник.
Иако свештениците истакнаа дека традицијата налага невестите на овој ден да бидат облечени во невестински фустан, сепак годинава немаше ниту една таква, но затоа пак го испочитуваа адетот да дојдат да се помолат за здравје и да ги донесат свеќите да догорат.
Инаку празникот Петковден за многу семејства претставува семејна слава, бидејќи култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube} |700|525|0{/youtube}