01.11.2013 Нов асфалтен слој добива коловозот на кружниот тек кај Полициската станица. Со тоа завршуваат градежните работи, што започнаа на крајот од август.
Претходно, градежната компанија Стоименов ја комплетираше изградбата на ротондата со поставување парапет, обложен со камени плочки. Исто така, во нејзината внатрешност е поставена потребната електрична и водоводна инсталација.
Кружниот тек е исполнет со земја, а во средината има бетонска основа за метален столб за осветлување. На дел од коловозот во непосредна близина на новото сообраќајно решение е поставена камена коцка, а остатокот е асфалтиран.
Како дополнување на околината на кружниот тек, изградени се нови пешачки островца, како и соодветни спуштени премини за лицата со инвалидитет и отежнато движење. Исто така, внатрешноста на ротондата ќе добие хортикултурно уредување, со внатрешно осветлување.
По асфалтирањето ќе биде поставен столбот за улично осветлување, а ќе се изврши и обележуваае на хоризонталнат сигналзиација. Дополнително ќе бидат монтирани и соодветните сообраќајни знаци, како предупредување за возачите и другите учесници во сообраќајот. За изградба на кружниот тек беа планирани 4 милиони денари, пари што се обезбедени од буџетот на Општината.
Останува по изградбата на новото решение возачите да се навикнат на него, но и да се потсетат на сообраќајните прописи што важат за кружен тек, за да избегнат полициски казни од 300 евра за непочитување на предноста на минување.
Т. Ајтовски
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}