04.11.2013 Еден месец по изборот на Ивица Димитров за претседател на СДСМ во Виница, се комплетира и новото раководство на партијата на локално ниво.
Осумнасет претежно млади членови влегоа во новиот Извршен одбор на Општинската организација на партијата. Нивниот избор се случи на неодамнешното изборно собрание на кое партиските делегати едногласно им ја дадоа поддршката, со задача во наредниот мандат да го консолидираат партискиот огранок и да го подготват за претстојните активности.
Истовремено со изборот на новиот Извршен, се комплетираше и Надзорниот одбор. Во него влегоа пет члена, од кои неколкумина се со подолг партиски стаж.
При изборот и на двете тела на партијата запазен е балансот во родовата припадност на членовите. На изборното собрание, на кое присуствуваше и пратеникот Миле Андонов, за нов секретар на партијата во Виница е избрана Славица Шуманска Митева.
Задача на новото раководство, како што беше речено и по неодамнешниот избор на новиот претседател, ќе биде да се изготви нова програма што граѓаните треба да ја прифатат. Една од главните задачи во неа ќе биде создавањето можности и услови за работен ангажман на младите луѓе со што ќе се намали иселувањето од општината.
Т. Ајтовски
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}