17.06.2013 Започна со работа градскиот базен. На стартот од сезоната 2013, голема посетеност од страна на кочанци. Најмногу од најмладите, чиј летен распуст започна од пред неколку дена.
Така се очекува да биде и претстојните два месеца, до кога на граѓаните им се пружа можност за релаксација и разладување.
- Дојдени сме со другарите, времето е убаво, па се забавуваме и разладуваме, вели еден посетител.
- Убаво е, цената е прифатлива, единствено што водата е малку ладна, додава друг капач.
Според одговорните, градскиот базен останува со понудата на стандардните содржини, како и последните неколку години.
- Цените се исти како и минатата година, популарни 50 денари со поволност, 25 денари за групни посети од страна на учениците, информираше Владимир Ѓоргиев од КЈП „Водовод“.
Засега во фунција е само големиот базен, но наскоро ќе се оспособат и двата мали базена во долниот дел од комплексот.
Рефлекторите се ставени во фунција, што значи дека и ова лето ќе има ноќно капење, како и лани.
Како што е познато дискотеката и годинава ќе остане под клуч. Поради пропаднатите лицитации, КЈП „Водовод“ нема да ја издава на користење. Таа нема да функционира ниту повремено, како што тоа беше минатата година за гостувањата на естрадни ѕвезди во рамки на манифестација „Град на културата“. Вон фунција и преку ден засега се и шанковите.
Г. Лалов