29.11.2013 Полицијата и инспектор за ловство запленија 77 килограми дивеч уловен во криволов.
Во четвртокот околу 17 часот, тие при акција кај местото Белска крстосница запреле „лада нива“ управувана од 48-годишниот В.Ч.
При претресот во автомобилот нашле вкупно 45 килограми месо од елен, спакувано во вреќи.
Исто така била извршена контрола и преглед во ловна куќичка лоцирана во месноста Пашаџиково, при што се пронајдени 32 килограми месо и кожа од дива свиња.
По спроведен разговор со В.М.(58), тој кажал дека во 13 часот извршил отстрел дива свиња и заедно со В.Ч. ја одрале и ставиле во комора.
Лицата се приведени, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}