Почетна http://www.kanal8.mk/index.php/mk/ Wed, 02 Dec 2020 20:16:36 +0100 Joomla! - Open Source Content Management mk-mk info@kanal8.mk (www.kanal8.mk) Нова ограда и зголемување на бројот на дивечот во ловниот резерват Полаки кај Кочани http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5567-loviste http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5567-loviste divech10.09.2020 Ловниот резерват Полаки на Осоговските Планини во атарот на Кочани ќе добие нова заштитна ограда и опрема, а ќе биде зголемен и бројот на дивечот, со што ќе се овозможи унапредување на високобуџетниот ловен туризам.

 

 

Постапката за обновувањето на условите што ги нуди ловиштето е со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а партнери во проектот се Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, Македонското еколошко друштво и Универзитетот за применети науки во Берн, Швајцарија.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Fri, 11 Sep 2020 10:23:20 +0200
Активности на ПСK „Кочани“, Стојка Антова прв женски планински водич во Источна Макеоднија http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5566-pskosogovo-zenski-vodic http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5566-pskosogovo-zenski-vodic stojka antova10.09.2020 Во изминатите денови членовите на ПСК „Осогово“ реализираа неколку активности, што се дел од годишната програма за работа. Најпрвин, во пресрет на двата празника, 7 Септември - Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември - Денот на независноста на Македонија, кочанските планинари учествуваа на три различни планинарски акции.

 

  

 

Во саботата на 5 септември се искачија на врвовите Китка на 1903 мнв и Царев врв - 2085 мнв, како поддржувачи на предизвикот 12 врвови“ што го организира ПСК „Трансферзалец“ од Скопје.

 

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Fri, 11 Sep 2020 10:05:27 +0200
Двајца новозаболени од КОВИД-19 во Кочани, петмина излекувани http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5563-dvajca-novozaboleni-koronavirus http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5563-dvajca-novozaboleni-koronavirus bolnica pacienti21.04.2020  Состојбата со коронавирусот во кочанскиот регин не бележи поголеми промени, а од Министертсвото за здравство потврдија дека уште две лица од Кочани се евидентирани како заболени. Во меѓувреме се зголемува и бројот на ние кои претходно беа на листата на заболени, а се веќе излекувани,

 

 

Од ресорното министерство информираа дека Институтот за јавно здравје на ниво на целата држава регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови. Петмина излекувани пациенти се евидентирани во Кочани, по четворица во Скопје и Дебар, по тројца во Штип, Прилеп и Тетово и по еден во Струмица и Куманово.

 

 

Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на КОВИД-19 во земјава. Од нив три случаи се во Тетово и по двајца во Куманово и Кочани. Со тоа вкупниот број на заболени регистрирани во Центарот за јавно здравје во Кочани се искачи на 28.

 

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Wed, 22 Apr 2020 01:14:01 +0200
Произведени првите количини ѓубриво во пречистителната станица за отпадни води http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5565-precistitlna-gjubre http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5565-precistitlna-gjubre gubrivo Kocani07.04.2020  Комуналното претпријатие „Вододовод“ од Кочани во пречистителната станица за отпадни води ги произведе првите количини органско ѓубриво, добиено со мешање со филтрираните и наталожени цврсти материи и оризовата слама.

 

 

Дневно се произведуваат по околу 20 кубни метри компост, од кои околу две третини отпаѓаат на сламата. Во моментот трае тест периодот во кој се испитува хемискиот состав и количините на хранливи состојки во ѓубривото, по што тоа ќе може да се применува на земјоделските површини.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Wed, 22 Apr 2020 01:23:15 +0200
Кочанските пожарникари добија нова заштитна опрема http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5562-pozarnikari-oprema http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5562-pozarnikari-oprema pozarnikari cizmi13.02.2020 По околу едена година од последната набавка, кочанските пожарникари добија дополнителни заштитни средства за интервенции на терен. Локалната самоуправа на Кочани им обезбеди противпожарни интервентни чизми и наменски поткапи за заштита од високи температури.

Чизмите се наменети за дејствување во затворен простор. Тие ги исполнуваат соодветните стандарди за заштита, изработени се од кожа, заштитуваат од пробивање, ѓонот штити од топлина и лизгање, а поседуваат и други карактеристики предвидени со посебен стандард за квалитет.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Thu, 13 Feb 2020 20:13:43 +0100
УНИБанка одбележа 20 години од отворањето на својата експозитура во Кочани http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5561-unibanka-20god http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5561-unibanka-20god unibanka 20god13.02.2020  Јубилејот 20 години од отворањето на експозитурата во Кочани, УНИБанка го одбележа со свечена прослава што се одржа во средата вечерта во ресторанот „Амор“, а на истата присуствуваа голем број гости, клиенти и соработници од источниот регион на земјата. Како домаќин, градот Кочани приреди програма со која се создаде одлично расположение за присутните.

Ова е свечен момент за сите вработени од експозитурата но и за клиенти на банката. Денес може да бидеме горди на многубројните проекти кои ги имаме финансирано во изминативе 20 години, преку кој нашите клиенти успеаа да ја зголемат вредноста на своите компании, да станат поуспешни и поконкурентни на пазарот.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Thu, 13 Feb 2020 19:58:01 +0100
Општина Кочани го намали надоместокот за комуналии за 20% до крајот на 2020 година http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5557-komunalii2020 http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5557-komunalii2020 kocani panorama03.02.2020 Инвеститорите и граѓаните кои до крајот ан оваа година во Кочани ќе градат објекти за домување ќе плаќаат за 20 отсто понизок надоместок за уредување на градежното земјиште, односно за комуналии.

 

Едногласна одлука за намалувањето донесе општинскиот Совет, при што првичниот предлог со кој се предвидуваше тоа да трае до крајот на мај, беше продолжен до 31 декември.

 

Намалувањето на висината на надоместокот за комуналии, утврден со Програмата за уредување на градежно земјиште на поодрачјето на општината за 2020 година, се однесува на изградбата на објекти со намена за домување и комерцијални дејности, но не и за викенд куќите  на Пониква. 

 

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Tue, 04 Feb 2020 09:40:27 +0100
Се бара изведувач за реконструкција на 7 улици во Кочани http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5558-rekonstrukcija-ulici-2020 http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5558-rekonstrukcija-ulici-2020 asfalt straso erbapce03.02.2020  Општина Кочани отвори постапка за јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција на седум улици во градот.

 

Поради лошата состојба во која се наоѓаат одредени делови, во Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година е предвидена реконструкција на улиците: „Четврта македонска бригада“ (260 м), два крака на улицата „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м), „Плачковица“ (190 м), „Коста Рацин“ (220 м) и „9 Мај“ (570 м).

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Tue, 04 Feb 2020 09:56:21 +0100
Нерешено на првиот контролен натпревар на „Осогово“ против „Каменица Саса“ http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5560-kontrolen-osogovo-sasa1 http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5560-kontrolen-osogovo-sasa1 osogoovo kozuf03.02.2020  Обновениот и подмладен состав на ФК Осогововикендов го одигра првиот од неколкуте закажани пријателски контролни натпревари пред почетокот на пролетниот дел од првеснството во Втрата лига исток. На стадионот во Македонска Каменица нашата екипа се сретна со тимот на домашната „Каменица Саса“ и одигра нерешено 2:2.

 

 

Домаќините први дошле во водство со голот на Здравков во 15 минута и со резултат од 1:0 се отишло на пауза. Во вториот дел домашниот тим ја продложил иницијативата и нападите што придонело да го зголеми водството во 60 минута со погодокот на Ѕурѕу.

 

 

Таквиот резултат како малку да ги освестил гостинските фудбалери , по што почнале почести напади кон голот на „Каменица Саса“.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Tue, 04 Feb 2020 10:12:43 +0100
Генерацијата 2006 на “Фудбал старс“ на домашен терен ја победи „Брегалница“ - Штип http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5556-fudbal-stars-bregalnica http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5556-fudbal-stars-bregalnica fudbal stars 200616.10.2019  Младите фудбалери на “Фудбал старс“ продолжуваат со добрите настапи во првенството на Регионалната југоисточна лига.

Во рамки на 4 коло успех забележа генерацијата 2006. Таа со резултат 4:0, на домашен терен, ја совлада незгодната екипа „Брегалница“ од Штип, која е еден од конкурентите за пласман на врвот. Со убедливата победа токму против штипјани јуниорската екипа на „Фудбал старс“ го зачува првото место на табелата.

Пофалба за успехот заслужува целата екипа, а посебно стрелците на головите, при што Марио Симоски постигна два погодока, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Ненад Малинов и Николче Ефремов.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Thu, 17 Oct 2019 09:35:14 +0200
Во пожар кај Цера изгореа над 50 хектари букова и борова шума http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5544-pozar-cera http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5544-pozar-cera sumski pozar01.04.2019  Во пожарот што ги зафати падините на Осоговските Планини кај кочанското село Цера до сега изгореа над 50 хектари со букова и борова шума.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани трет ден се на терен, но немоќни се во локализирањето на пожарот поради непристапноста на теренот, а силниот ветер и сувата вегетација дополнително помагаат огнот брзо да се шири.

Командирот на ТППЕ, Благој Паунов истакна дека интервенирале повеќе од 48 часа и ги ангажирале сите пожарникари и опремата со која располагаат.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Tue, 02 Apr 2019 09:43:03 +0200
Избран изведувач на градежните работи, наскоро почнува реконструкцијата на Мултикултурниот центар http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5555-rekonstrukcija-multikulturen-kocani http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5555-rekonstrukcija-multikulturen-kocani muiltikulturen centar15.10.2019  Наскоро започнуваат градежните работи во Мултикултурниот центар. Избрана е градежната компанија што ќе работи на неговата реконструкција. Од постапката за избор на најповолен понудувач, реализирана според ПРАГ-процедурата, остануваат уште неколку чекори, по што ќе започне да тече рокот за изведба, којшто е планиран на 14 месеци од потпишувањето на договорот.

За реконструкција и адаптација на зградата на Мултикултурниот центар ќе бидат наменети 316 илјади евра, од кои 213 илјади евра се од Интерег ИПА-програмата, 37.000 се од Министерството за локална самоуправа и 65 илјади евра се кофинансирање од Општина Кочани.

 

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Wed, 16 Oct 2019 09:09:06 +0200
Започнуваат активности за изработка на технички проект за браната “Арамиска чешма“ на Пониква http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5541-brana-araiska-cesma http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5541-brana-araiska-cesma Ponikva zima21.01.2019  Локалната самоуправа на Кочани ги започна проектните активности за изградба на мини акумулација на Осоговските Планини за водоснабдување на туристичкиот центар Пониква.

Во тек е постапката за избор на фирма што ќе ги направи истражните геотехнички испитувања и ќе изработи основен проект за браната, а за што од општинскиот буџет е планирано да се потрошат близу 2,2 милиони денари. 

Мини акумулацијата ќе биде лоцирана во месноста Арамиска чешма, во непосредна близина на Пониква и главна цел е да обезбедува вода за постојните и новите викендички во населбата, за одморалиштата, како и за планинските поила за сточниот фонд.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Mon, 21 Jan 2019 19:28:32 +0100
Кочанските пожарникари добија нови работни униформи и обувки http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5543-2019-02-08-07-32-57 http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5543-2019-02-08-07-32-57 Uniformi Pozharna07.02.2019  Територијалната противпожарна единица од Кочани доби нови работни униформи, неопходни за извршување на секојдневните работни обврски.

За набавката беа издвоени средства од буџетот на Општина Кочани, а таа се реализира после неколку години.

- Добивме работни униформи, 18 парчиња, што се состојат од панталони, кошули, џемпер, маици, капа, кондури и чизми, што ни беше неопходно за извршување на секојдневните работни обврски. Униформите ги добиваме после неколку години и е од големо значење за нашата професија, рече Благојчо Паунов, командир на ТППЕ - Кочани.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Fri, 08 Feb 2019 08:32:57 +0100
Водици во Кочани: Светиот крст во рацете на 22-годишниот Ристе Ристов http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5540-vodici2019 http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5540-vodici2019 vodici kocani 201921.01.2019  22-годишниот Ристе Ристов  од Кочани успеа меѓу 40-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на Кочанска Река по повод празникот Богојавление - Водици. Седум пати до сега се пријавува за овој чин и конечно упорноста му се исплати и  му се насмеа среќата да го фати Светиот крст.

Најсреќниот Ристов со неговите другари според обичајот ќе ги посетат семејствата во градот, кои го даруваат крстот со пари за здравје и среќа.

Тој пред сите присутни ја даде христијанската изјава и посака Бог да му дари здравје на него и неговите најблиски.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Mon, 21 Jan 2019 19:01:30 +0100
Се реконструираат пет основни училишта во Кочани и во Тркање и Оризари http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5538-rekonstrukcija-ucilista http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5538-rekonstrukcija-ucilista rekonstrukcija skoli17.01.2019   Со средства од буџетот на Општина Кочани започна реконструкцијата на пет основни училишта во градот и во две села, а поддршка во активностите е добиена и од Министерството за образование и наука.

Во ОУ „Никола Карев“ во Кочани се прави адаптација на тоалетите, при што се поставува комплетно нова водоводна инсталација, се заменуваат вратите и се санираат таваните. Исто така, ќе се постават нови тоалетни елементи, а целата инвестиција е во вредност од 780 илјади денари.

По завршувањето на градежните работи во централното, ќе се заменат прозорците и ќе се реконструира подот во подрачното училиште во селото Тркање.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Fri, 18 Jan 2019 09:16:06 +0100
За една третина помалку интервенции имале лани пожарникарите од Виница http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5542-pozarnikari-vinca-2018 http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5542-pozarnikari-vinca-2018 pozrnikari21.01.2019  Вкупно 62 интервенции за гаснење пожари имала Територијалната противпожарна единица од Виница во текот на 2018 година, што е за една третина помалку во споредба со претходниот едногодишен период.

Најголем број од интервенциите, вкупно 39, биле кај пожари на отворен простор, при што била опожарена површина од 32 хектари, што е за пет пати помалку споредено со 2017 година. Во 16 случаи се интервенирало кај запалени објекти, а останатите излегувања на терен биле за гаснење пожари кај моторни возила.

Од ТППЕ - Виница рекоа дека лани од пожарите е предизвикана вкупна материјална штета од 235 илјади денари, што е намалување за околу половина.

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Mon, 21 Jan 2019 19:42:45 +0100
Здружението на медицински сестри бара закон за заштита на нивната професија http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5539-zdruzemie-sestri-zakon http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5539-zdruzemie-sestri-zakon medicisnki sestri zdruzenie17.01.2019  Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија бара да се донесе законско решение со кое конечно нивната професија ќе биде заштитена и тие ќе можат да ги остваруваат своите права.

На средбата што раководството на Здружението ја имаше со своите членки од Кочани беше речено дека медицинските сестри се соочуваат со анонимност на својата професија во здравствените институции, иако се школуваат и завршуваат втор и трет циклус на студии, а колективните договори не ги препознаваат според стручност и не се вклучени во систематизацијата на установите каде што работат. 

]]>
ajtovski@gmail.com (administrator) vesti Fri, 18 Jan 2019 09:22:24 +0100