X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici kocani06.12.2018  Од почетокот на оваа учебна година до крајот на ноември од основните и средните училишта во општина Кочани се отпишале 20 ученици, за кои родителите навеле дека причината е иселување во странство.

Овој број е на слично ниво како за првото тримесечје минатата година, иако регистрирана е тенденција на зголемување на отпишаните ученици пред почетокот на учебната година, односно за време на летниот и зимскиот училишен распуст.

Ваквите податоци ја илустрираат тенденцијата за ислување на граѓаните, што според анализата за состојбата во Источниот регион го става Кочани веднаш зад Штип, каде што бројот на отпишани ученици заради заминување во странство е нешто над 40.

Повеќе...

trotoar ljupco santov04.12.2018  Околу 37 илјади евра е сумата што Локалната самоуправа на Кочани ги инвестира за изградба на тротоари на повеќе локации во градот. 

Средствата се обезбедени од буџетот на Општината, а се наменети со Програмата за уредување на градежното земјиште за 2018 година, за што согласност даде и општинскиот Совет.

Притоа, на најголем дел од тротоарите ќе се поставуваат павер елементи, а останатите ќе се бетонираат.

Повеќе...

vodovod tabla vlez05.12.2018  Управниот одбор на комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани донесе одлука со која на сите корисници на услугите кои имаат заостанати сметки за потрошена вода им се одобрува да го платат долгот без пресметаната камата за задоцнето плаќање.

Според одлуката, оваа можност не важи за органите на државната и локалната власт, како и за другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон.

Во ослободувањето не се вклучени и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија, како и за Општина Кочани.

Повеќе...

ekg rotari vinica04.12.2018  Вработените на итната медицинска помош во Здравствениот дом во Виница ќе работат со нов ЕКГ апарат - донација од Ротари клубот Кочани - Виница.  

За реализација на оваа донација, Ротари клубот организираше претстава, а средствата од неа беа за подобрување на здравствените услуги во виничката амбуланта. 

- Една од целите на Ротари клубот Кочани - Виница е соработка и помагање во здравството. За таа цел организиравме хуманитарна претстава на која ни гостуваше театарот од Штип со претставата „Умри машки“.

Повеќе...

koncert viva strings04.12.2018  Македонскиот гудачки квартет „Вива стрингс“ имаше концертен настап во Кочани, во рамки на програмата „Нов културен бран“, при што се претстави со обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез теми.

Публиката имаше можност да  проследи класични пребработки на хитови од АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренди Крафорд и Ерик Клептон.

Квартетот во Кочани има настапувано и претходно, а последниот концерт наиде на одлична прифатеност кај публиката.

Повеќе...

rabotilnica oriz29.11.2018  Општина Кочани е домаќин на дводневна меѓународна работилница за јакнење на институционалните капацитети во конвенционалното и органското производство на ориз, што се реализира со поддршка од инструментот за техничка помош и  размена на информации (TAIEX) на Европската комисија и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија.

Целта на работилницата е домашните производители и стручни лица да разменат европски искуства и знаења во органското производство на ориз со предавачи-експерти од Италија, Грција и Бугарија, како и да разговараат за унапредување на здружувањето и соработката меѓу земјоделците. 

Повеќе...

deritizacija sahti29.11.2018  Локалната самоуправа на Кочани спроведува дводневна акција за дератизација на канализациската мрежа за што се набавени 250 килограми кумарински препарат за труење на глодарите.

Стручни екипи од Центарот за јавно здравје, со поддршка на технички персонал од комуналното претпријатие “Водовод“ ги поставуваат кумаринските мамци во канализациските шахти во градот и во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.

Дел од мамците ќе бидат распоредени и на градската депонија, каде исто така е регистрирана појава на глодари и други штетници кои се преносители на заразни болести.

Повеќе...

sovet opstina vinica29.11.2018  Виница ќе добие ново комунално возило за транспорт на отпадот. Одлуката за финансиска поддршка беше усвоена на редовната седница на Советот на Општината.

Во рамките на проектот „Унапредување на општинското владеење“, со што ќе обезбедат средства во висина од 26.000 евра како грант во рамки на Програмата за развој на ОН. Советот одобри дополнително кофинансирање во висина од 306.000 денари преку општинскиот буџет.

- Ние како општина аплициравме со три проекти, при што од страна на УНДП беше одобрен еден од проектите, а тоа е купување на возило за смет, мало возило што ќе се користи за потесните улици и сокаци во нашата општина.

Повеќе...

karate balkansko28.11.2018  Петмина каратисти од КК “Партизан“ и еден од карате клубот “Кочани“ ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство што од 30 ноември до 2 декември ќе се одржи во Република Хрватска.

Тоа е одлично признание за нивните досегашни успеси на домашните натпреварувања, како и за освоените медали на изборното првнество за кадети, јуниори и младинци до 21-годишна возраст.

Виза за учество на ова балканското младинско првенство обезбедија Ѓорги Петров, Мартина Шахинова, Роберто Здравковски, Ангел Стојанов и Кристијан Грозданов  од КК „Партизан“, како и Љубомир Давитков од КК “Кочани“.

Повеќе...

tribina budzet kocani 2019

28.11.2018  Општина Кочани ја организираше третата јавна расправа со граѓаните на која се разгледуваат прашања од јавен интерес, а за чие решавање треба да се предвидат општински буџетски средства за наредниот едногодишен период.

Целта на локалната власт е да обезбеди поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година.

Пред почетокот на јавната расправа, што се одржа во салата на Советот, беше презентиран нацрт-буџетот и планираните инфраструктурни проекти за 2019 година.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 70%
Ветер: NE при 18 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click