13.09.2018 Уште една успешна турнеја и уште едно незаборавно дружење на фолклористите на ФА „Кочани“ во градот Бејпазар, близу Анкара во Република Турција.
На традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал што се одржува во овој град, кочанскиот ансамбл учествуваше со рекреативната група фолклористи кои и се претставија со три кореографии.
- ФА „Кочани“ со рекреативната група играорци учествувавме на 24. Меѓународен фолклорен фестивал на култура и туризам кој што се одржа во градот Бејпазар, близу Анкара, Р. Турција. Се претставивме со три кореографии - “Малешевија“, “Овчеполе“ и староградски игри.
12.09.2018 По покана од локалната власт, во работна посета на Општина Кочани престојуваше потпретседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска, при што се сретна со градоначалникот Николчо Илијев и неговите соработници.
На средбата стана забор за повеќе актуелни прашања од работата на Општината, пред се во делот на средувањето на финансиските проблеми, но и за конкретни прашања, каде што е неопходна поддршка од Министерството.
Меѓу нив беше споменат и проблемот со руинирниот објект на поранешниот Воен отсек, каде најголем дел од сопственоста ја има ресорното министерство.
04.09.2018 Амбасадорот на САД во Македонија, Џeс Бејли престојуваше во работна посета на кочанскиот регион. Главна цел на посетата беше запознавање со проектите за кои американската влада дала поддршка преку програмата за меѓународна соработка на УСАИД.
Во рамки на престојот во регионот амбасадорот Бејли најпрвин ги посети производствените погони на компанијата “Екстра фунги“, каде беше информиран за начинот на работа и капацитетите со кои располага фабриката. Притоа тој високо ја оцени определбата на менаџерскиот тим да реализира високи стандарди на квалитет во произивдиството, од кое скоро воп целост е наменето за извоз на пазарите во Европа и пошироко.
04.09.2018 Во неделата во Виница за прв пат се оддржа планинската трка Чупино Трејл 2018 на падините на Плачковица.
Виничани беа домаќини на настан што се реализираше, на патеки со должина од 13 и 30 километрии. Натпреварувачите беа распоредени во неколку категории во машка и женска конкуренција како и ветерани над 50 години.
На Првата патека со наслов Бумбарска трејл во должина од 13 километри во во машка конкуренција најдобар беше Димитар Михаилов Миоски кој ја помина за 1 час и 13 минути, а десетина секунди зад него се најде Михаил Крстов. Во женска конкуренција најдобар реултат постигна Антонија Брезовска од 1 час и 30 минути.
04.09.2018 Во силна конкуренција со учество на џудо клубови од 11 држави, џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани се врати со освоени две втори места, едно поединечно и едно екипно од Балканското првенство што викендов се одржа во Кавадарци.
Истото беше во техничка организација на Џудо федерацијата на Македонија. Тренерот на кочанскиот џудо клуб задоволен од постигнатите резултати.
- Домаќините се претставија во одлично светло што значи дека нашата репрезентација за прв пат во историјата на македонското џудо во микс категорија мажи и жени го освоивме второто место.
31.08.2018 Со завршна презентација на постигнатите резултати, финишираа активностите од проектот “Сите заедно на училиште“, што беше наменет за децата од ромската популација во Кочани.
На средбата со претставниците од училиштата, родители и активисти кои беа вклучени во спроведувањето на задачите, беше речено дека во изминатите седум месеци се постигнати задоволувачки резултати, посебно во запишувањето во училиште на децата кои воопшто не посетувале настава.
Носител на проектот беше здружението на Роми “Авена“ од Кочани, во соработка со други невладини органзииации и педагошко-психолошките служби од основните училишта “Раде Кратовче“ и “Малина Попиванова“.
31.08.2018 - Токму од овде уште еднаш ќе потcетам дека немањето градски превоз е реален проблем со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Кочани. Градоначалникот во неговиот одговор на овој проблем зборува за превоз на ученици кој нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз.
Бесплатниот превоз на учениците е право кое е регулирано со закон, а договорите кои сте ги објавиле се склучени како резултат на спроведена јавна набавка и изразените цени се за повратни билети на редовните ученици, Вие ја замајувате јавноста кажувајки ги цените за билет во редовните автобуски линии во еден правец, што претставуваат две различни работи, рече меѓу другото Миле Лефков, претстедател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Кочани на организираниот прес пред новинарите.
31.08.2018 Почитуван претседател на општинскиот партиски огранок, се прашувам како имате доблест повторно да излегувате на прес-конференција за јавниот превоз кога граѓаните очекуваат одговорност, а Вашите сопартијци оставка од координаторското место поради потпишувањето договор за превоз на ученици, за кој сте имале законска обврска да го поништите.
Добро знаете дека јавната набавка треба да резултира со пониски цени од пазарните, а не двојно и повеќе повисоки.
Правите очајнички обид да ја извртите вистината и да префрлате вина на друг, нешто што не треба да му е својствено на професор, на човек кому првин учениците треба да му веруваат. Се лажете и себеси и јавноста кога велите дека „бесплатниот“ превоз на учениците нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз. Граѓаните очекуваат да одговорите каде е разликата во цените од училишниот превоз.
31.08.2018 Во контекст на изнесените невистини на денешниот прес од страна на ДПМНЕ, би сакале да ја информираме и запознаеме јавноста во општина Кочани за евидентниот страв и паника од страна на ДПМНЕ како партија, од реалниот успех на Референдумот и влезот на Република Македонија во НАТО и ЕУ благодарение на власта предводена од СДСМ и коалицијата.
Зборувате за потфрлање на институциите, наместо да ги пофалите дека совесно работат и постапуват по закон и по своите надлежности откривајќи нелегално внесено ГМО семе во РМ, кое патем е пронајдено кај луѓе, Ваши симпатизери и гласноговрници кои ги повикувате на Вашите митинзи да зборуваат во име на земјоделците, а знаејќи дека овој бизнис цутел со години наназад кога кога Вие раководевте со истите институции, кои за жал во Ваше време беа глуви и слепи за проблемите во земјоделието.
30.08.2018 Локалната самоуправа на Кочани планира да потроши над 800 илјади денари со кои ќе го субвенционира функционирањето на јавниот градски превоз во наредниот едногодишен период.
Јавниот оглас за избор на превозник е објавен по трет пат, откако досегашниот транспортер се откажа од обезбедување на услугата, а претходните два огласи беа неуспешни.
Советот на општина Кочани веќе даде согласност субвенционирањето од буџетот да изнесува 50 отсто од цената на билетот, односно на секои 10 денари што ќе ги плати патникот, на превозникот да му се доплаќа уште толку.