Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka deca31.08.2018  Детската градинка „Павлина Велјанова“ летниот период го искористи да ги реновира санитарните јазли во клон 2 кај градинката кај Руен или објектот „Ѕвездички“. Со сопствени средства сега се овозможени поголеми услови за престој на децата во градинка и со реновирањето на тоалетите хигиената е подигната на повисоко ниво, истакна Едита Миткова, в.д директор на детската градинка во Кочани.

-Во текот на месец август реновиравме четири санитарни простории и со тоа овозможивме хигиената да се зголеми на поголемо ниво. Парични средства за реновирање обезбедивме ние, а општината ни помогна со изработка на проект и надзорно лице кое ни беше на располагање. Успеавме во определниот рок да постигнеме се, а децата од објектот дека се реновираше беа згрижени во објект 1 и 3.   За цело време додека се реновираа санитарните јазли децата беа навремено згрижени и им беше обезбедено се што им е потребно, рече Едита Миткова, в.д директор на ДГ „Павлина Велјанова“.

Повеќе...

opstina kocani zgrada130.08.2018  Граѓаните од општина Кочани ќе имаат можност да се вклучат во иницијативата за изработка или дополнување на урбанистички планови за локации што се од нивен интерес.

За таа цел Општината објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанитички планови.Освен граѓаните - поединци, во давањето предлози можат да се вклучат и правните лица.

Сите заинтересирани страни во текот на јавниот повик може да достават предлог за изработка и донесување на детален урбанистички план за село и вон населено место.

Повеќе...

pres vrmo prevoz24.08.2018  Градоначалникот Николчо Илијев и Општина Кочани демонстрираат неспособност и неработа во целокупното свое работење. Општина Кочани и понатаму останува затрупана во голем број на проблеми, но и потреби на граѓаните кои секојдневно се зголемуваат и остануваат нерешени.

Господине Илијев, граѓаните на Кочани поради Вашата неспособност и незнаење веќе 1 (еден) месец не користат јавен градски превоз на територијата на Општина Кочани. Истите тие граѓани со право се прашуваат дали конечно ќе успеете да реализирате јавна набавка после двете пропаднати аукции и да го вратите јавниот градски превоз кој беше стартуван во 2013 година, а вие по само 8 (осум) месеци на чело на Општината успеавте да го упропастите.

Повеќе...

odgovor gradonacalnik pres vmro24.08.2018  Почитуван претседател на општинскиот партиски огранок,

Како професор во средно училиште, кој во слободното време ги облекува партиските бои да го брани неодамна срушениот режим, звучите дрско и безобразно кога се обидувате да оправдувате политики кои уште не зацелиле од длабоките рани нанеодговорното и недомќинско работење на претходниците.

Оние, кои без јавни набавки или во фингирани по нивна мерка, собираа кајмак за нив, а им фрлаа корки на граѓаните, кои пак сега им требаат. Тие, а и Вие со нив, цели 9 години брутално ја празневте општинската каса, не почитувајќи ни закон ни ред.

Повеќе...

jordan eftomov24.08.2018  Јорданчо Ефтимов ученик во четврта година во СОУ ”Гошо Викентиев” од Кочани учествуваше на светскиот натпревар за Microsoft office specialist што се оддржа во Орландо, Флорида.

Во конкуренција од 500 учесници од повеќе од 100 земји во светот, Ефтимов забележа солидни резултати и како единствен претставник од Македонија во неговата конкуренција ја претстави државата во најдобро светло. Тој се натпреваруваше во изработка на задачи во програмата Мајкрософт Ворд.

Натпреварот беше во органзација на компанијата Сертипорт од Америка , а поддржан од корпорацијата Мајкрософт.

Повеќе...

volonteri torbi22.08.2018  Рачно изработени торби од платно добија погоелем број граѓани на Кочани како подарок од волонтерите од здружението на млади правници “Павел Шатев“ кои доаѓаат од Турција, а овде престојуваат извесен период.

Торбите ги изработиле со поддршка од локални компании, а главната идеја за активноста е да се упати порака за зачувување на животната средина, односно да се намали корстењето на пластичните ќеси.

- Во Макеоднија се употребуваат повеќе од милијарда пластични кеси годишно. Штетните состојки во нив трајно ги уништуваат природните рерсурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата и воздухот.

Повеќе...

marina-gocevska-mili-dueli-123.08.2018  Младата и талентирана Марина Гоцевска од Кочани, за која што пред извесно време Канал 8 информираше дека е влезена во третиот круг на Балканскиот фестивал на поезија што онлајн се одржува низ повеќе земји во светот, сега веќе влезе и во уште потесен избор, односно во четвртиот круг.

Тоа е огромен успех за неа но и за градот Кочани и за Македонија бидејќи Гоцевска е единствен претставник од Кочани на овој фестивал.

Таа ги испрати своите три творби „Гердан од солзи“, „Мост на изгубените души“ и „Меморија“ и со нив ги собира гласовите на публиката и жирито и веќе е на чекор до финалето.

Повеќе...

carovska filipce kocani21.08.2018  Работна посета на општина Кочани остварија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче.

Притоа се сретнаа со градоначалникот Николчо Илијев, како и со директорите на Болницата, Александар Серафимов и на Центарот за социјални работи, Кирил Ковачев, кои ги информираа за тековните активности, како и за плановите за подобрување на социјално-здравствената заштита во општината.

Според министерката Царовска, главен акцент е даден на програмите од социјален карактер што треба да стартуваат во Кочани, при што таа упати благодарност за проактивноста на локалната власт која дава посебно внимание на активностите што се развиваат.

Повеќе...

carovska zrnovci21.08.2018  Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја посети новоотворената градинка во општина Зрновци.

Од Министерството, за опремување на градинката „Бисерчиња“ која има капацитет за 60 деца, издвоени се над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбеди Oпштината преку ИПА фондовите на Евопската Унија.

- Чекорите кои што се прават во изминатата година веќе даваат резултати затоа што се зголемува постојано капацитетот на деца и нашата цел како влада е за 50% да го зголемиме капацитетот на деца во период од 4 години.

Повеќе...

cesma voda nema21.08.2018  Во текот на ова лето граѓаните на Кочани немаа голем проблем со недостаток на вода во најтоплите денови од годината.

КЈП „Водовод“ не правеше рестрикција во текот на овие два месеци, а не најавува ниту во иднина, бидејќи споредбено со истиот период лани, потрошувачката на вода е намалена за 10 % а капацитетот зголемен за 8% , велат од претпријатието.

- Во јули 2017 година пласирани се 485.111 метри кубни вода, а во јули 2018 година пласирани се 437 304 метри кубни вода што е за 47 807 метри кубни вода помалку.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code