Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

teatarska pretstava solun grad na duhovi21.08.2018  Напорите за заживување на локацијата на Споменикот на слободата со организирање културни и други настани добија уште една позитивна потврда и оправдување со изведбата на претставата “Солун, град на духови“.

Многу публика, одлична атмосфера, амбиент што е созададен за театарски случувања, едноставно како сè да беше предодредено за вистинско културно доживување.

Седуммината млади актери кои учествуваат во претставата, во текот на двочасовната изведба одушевија со едноставноста, искреноста и оригиналноста во пренесувањето на прилично напорниот и комплициран театарски текст.

Повеќе...

ulica marsal tito16.08.2018  Во Кочани во тек е постапка за враќање на името на поранешната улица “Маршал Тито“, а за што иницијатива до Советот на Oпштината поднесе Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“.

Во образложението на иницијативата е наведено дека со нејзиното прифаќање ќе се исправи неправдата што е направена пред неколку години, кога без поголема кампања и консултирање на ставот на граѓаните, била донесена еднострана одлука за промена на називот на улицата.

Од Локалната самоуправа на Кочани потврдија дека слично писмено барање испратила и советничката група на СДСМ, а со оглед на законската обврска, била побарана согласност од Владата од каде е добиен позитивен одговор.

Повеќе...

Oriz zelen15.08.2018  Да се испита до крај од каде е, дали е увезен како готов или кај нас е произведен, да се утврди кој го произвел, од кое семе и од каде го внел бидејќи сигурно е нелегално внесено од причина што нашите сорти не се ГМО храна.

Сите сорти кои што се одгледуваат на територијата на Република Македонија, а чиј главен производен регион е кочанскиот, не се ГМО и сите се создадени со класични методи, појаснува проф. д-р Добре Андов од Земјоделскиот институт - Скопје, по излегувањето во јавноста на информацијата дека Агенцијата за храна и ветеринарство пронајде два увезени производи со генетски модифицирани организми.

Едниот е семенски материјал кој бил користен за производство на ориз во Кочани, додека другиот производ се шницли од соја од Виталиа, увезени од Србија.

Повеќе...

asfaltiranje Vinica14.08.2018  Во општина Виница во тек е изградбата на 12 улици за кои Локалната самоуправа од сопствениот буџет издвои околу 11,7 милиони денари.

Еден од приоритетите на општинската власт е реконструкција на асфалтниот слој на улицата “Илинденска“ која е дел од главниот влез во градот, како и на неколку други сообраќајници во централното градско подрачје.

Во изминатите неколку денови заврши асфалтирањето на улиците „4-та Македонска бригада“ и „Јане Сандански“, а веќе се работи на комплетирање на придружната инфраструктура, по што ќе се постави нов асфалтен слој на уште четири улици во градот.

Повеќе...

ulica legalizirani divogradbi10.08.2018  Неплански изградените објекти, кои подоцна со постапка за легализација се озаконети, претставуваат рак-рана на урбанистичкото планирање. Некои од нив попречуваат изградба на улици, на приоди кон други објекти и оневозможуваат нормално сообраќајно функционирање.

Во таква ситуација се наоѓа и кочанскиот музичар од светски ранг и основач на познатиот „Кочани оркестар“, Неат Велиов, кој поради болест од пред извесен период останал инвалид.

- Јас сум четири години сум болен, гледате во каква состојба сум. Пред еден ми доделија електмесец рично возило, го гледате мојот пат и дали со тоа возило можам да се движам тука. Во ова маало имаме мали деца, имаме болни, сакам да кажам дека кое такси и да го повикаме, кога ќе кажеме кај Неат на Полатски пат, ниедно такси не доаѓа. Дали дете или болен да имаме, не можеме да го изнесеме од овде, кој ќе дојде во еден или два часот ноќеска да ме земе мене од тука и да ме однесе во болница, никој, рече Неат Велиов, музичар.

Повеќе...

vodovod tabla vlez10.08.2018  Комуналците од “Водвод“ планираат да набават машина за сечење асфалт, како и т.н. вибрирачка жаба за набивање на тампонот при санирање на оштетување на улците и при изградба на водоводна и канализациска мрежа.

За оваа намена е планирано да се издовојат близу 430 илјади денари, со што ќе се реши еднa долгогодишна пречка, особено при интервенциите за крпење на ударните дупки и слични интервенции.

Јавниот повик за тендерската постапка е веќе објавeн и рокот за пријавуивање на заинтересираните добавувачи е до 16 август.

Повеќе...

stara kasarna109.08.2018  Општина Кочани ја започна постапката за изработка на локална урбанистичко-планска документација со намена за домување во индивидуални станбени објекти, по чија изградба ќе бидат дислоцирани дваесетината семејства кои нелегално се вселени во објектот на Старата касарна.

Од локалната сапмоуправа информираат дека се работи на нов потег што е надвор од Генералниот урбанистички план.

Парцелата со површина од 2,96 хектари, земјиште во сопственост на Република Македонија, се наоѓа на северниот дел на Кочани, источно од Фабриката за вода. Во планскиот опфат се планирани најмалку 20 градежни парцели.

Повеќе...

komarci avionsko prskanje26.07.2018  Советот на градоначалници и Центарот за развој на Источниот плански регион на шестата седница што се одржа минатата седмица во Берово донесе заклучоци за регионален пристап во третирањето на на комарците и на кучињата скитници.

По иницијатива на претседателот на Регионот и градоначалник на Кочани, Николчо Илијев, истакната е потребата третманот на комарците да добие поширок опфат.

Спорерд него, од досегашната пракса јасно е дека поединечното – прскањето против комарци само во една општина, не го решава проблемот со комарците. Со досегашното прскање што се спроведе во Кочанско, не е забележан некој посериозен ефект, иако досега се реализирани две фази од авионското и две прскања од земја.

Повеќе...

crtanje zid gradinka08.08.2018  Десетина волонтери изминативе два дена го разубавуваат просторот во дворот на клонот 1 во детската градинка ”Павлина Велјанова” во Кочани.

Проектот е во организација на волонтерката од мировниот корпус, Тамара Меклауд, која по сопствена иницијатива заедно со група млади уметници насликаа ралични мотиви на ѕидовите што го оградуваат дворот на градинката.

- Во изминативе два дена, во градинката “Павлина Велјанова” клон 1 се организираше цртање со техниката мурал на ѕидовите во дворот на градинката. Овој настан го организирам јас , а учество земаа волонтери и дел од дечињата од овој клон.Целта е да се разубави просторот во дворот на градинката за да им биде пријатно на сите, рече Тамара Меклауд, волонтер во Мировниот корпус.

Повеќе...

vinica studija otpadni26.07.2018  Општина Виница обезбеди 150 илјади швајцарски франци за изработка на физибилити студија за управување со отпадните води.

Средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а студијата треба да ги испита можностите за приклучување на постоечкиот колекторски систем за отпадни води од Виница конпречистителната станица во кочанското село Мојанци.

На работната средба што градоначалникот на Виница, Ивица Димитров и директорот на ЈКП “Солидарност“, Игорчо Христов ја имаа со претставници од СДЦ и од консултантската фирма “Хидроенерџи проект“, беше образложена идејата за проектот и начинот на кој ќе се работи на физибилити студијата.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code