Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet opstina vinica29.11.2018  Виница ќе добие ново комунално возило за транспорт на отпадот. Одлуката за финансиска поддршка беше усвоена на редовната седница на Советот на Општината.

Во рамките на проектот „Унапредување на општинското владеење“, со што ќе обезбедат средства во висина од 26.000 евра како грант во рамки на Програмата за развој на ОН. Советот одобри дополнително кофинансирање во висина од 306.000 денари преку општинскиот буџет.

- Ние како општина аплициравме со три проекти, при што од страна на УНДП беше одобрен еден од проектите, а тоа е купување на возило за смет, мало возило што ќе се користи за потесните улици и сокаци во нашата општина.

Повеќе...

karate balkansko28.11.2018  Петмина каратисти од КК “Партизан“ и еден од карате клубот “Кочани“ ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство што од 30 ноември до 2 декември ќе се одржи во Република Хрватска.

Тоа е одлично признание за нивните досегашни успеси на домашните натпреварувања, како и за освоените медали на изборното првнество за кадети, јуниори и младинци до 21-годишна возраст.

Виза за учество на ова балканското младинско првенство обезбедија Ѓорги Петров, Мартина Шахинова, Роберто Здравковски, Ангел Стојанов и Кристијан Грозданов  од КК „Партизан“, како и Љубомир Давитков од КК “Кочани“.

Повеќе...

tribina budzet kocani 2019

28.11.2018  Општина Кочани ја организираше третата јавна расправа со граѓаните на која се разгледуваат прашања од јавен интерес, а за чие решавање треба да се предвидат општински буџетски средства за наредниот едногодишен период.

Целта на локалната власт е да обезбеди поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година.

Пред почетокот на јавната расправа, што се одржа во салата на Советот, беше презентиран нацрт-буџетот и планираните инфраструктурни проекти за 2019 година.

Повеќе...

svecenost deca posebni vinica28.11.2018  Музејот „Теракота“ со поддршка од Локалната самоуправа на Виница го реализираше овогодишниот проект „Еднаквоста во фокусот“ чија цел е поголема вклученост и едуцирање на лицата со посебни потреби.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, во ОУ „Гоце Делчев“ се одржа завршна свеченост на која беа претставени реализираните активности од проектот, а во што беше вклучен и Дневниот центар од Виница.

Во рамки на проектот се организираа повеќе работилници и посети на културни и археолошки знаменитости во општината и регионот, како и други содржини.

Повеќе...

asfalt ponikva27.11.2018  Во предвидениот рок од околу еден месец заврши реконструкцијата и преасфалтирањето на делницата долга 11 километри на регионалниот пат од Кочани кон туристичко-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини.

За реализација на градежните работи Министерството за транспорт и врски инвестираше над 102 милиони денари, при што освен нов асфалтен слој на коловозот со широчина од шест метри, се работеше и на поправка на заштитната ограда и на пропустите за атмосферската вода.

Повеќе...

maticni protest16.11.2018  Матичните лекари и медицинските сестри од приватните здравствени установи од Кочани излегоа на мирен протест пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување за да го изразат незадоволството од понудените услови во договорите што треба да ги потпишат за наредниот петгодишен период.

Лекарите реагираат што воопшто не се опфатени со најавеното покачување на платите за здравствените работници, ниту пак ќе добијат други подобрувања за извршување на дејноста, како што е со нивните колеги специјалисти.

-Ова е протест на понудените лоши договори кои што треба да ги потпишеме а кои ќе важат во наредните пет години.

Повеќе...

proekt volonterstvo27.11.2018  Младинскиот културен центар од Битола и ЦККЕР „Светла иднина“ – Кочани, беа организатори на промоцијата на Советот за волонтерство на Општина Битола, кој што е формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на настанот беше да се отвори дискусија за придобивките од волонтирањето во локалната заедница, како и споделување на добри пракси за постигнатите резултати од волонтерските програми на граѓанските организации на локално ниво.

Повеќе...

cepreganov predavanje16.11.2018  Толеранцијата, разбирањето во интерперсоналните односи се најважни за справување со стресот и стресогените ситуации, меѓу другото истакна професорот Методи Чепреганов, невропсихијатар епилептолог кој одржа предавање на тема „Стресот и нашето здравје“ пред присутните во салата на Советот на Општина Кочани.

Професор Чепреганов во своето излагање објасни како стресот влијае врз нашето здравје, како нашето тело  реагира на при стресни ситуации, кои се  последиците од хроничен пролонгиран стрес и на крајот како да се справиме со него.

-Она што ви претставува проблем и го напаѓа интегритетот на вашата личност не треба да го примите и не треба да дозволите да влезе во вас.

Повеќе...

ahmedovski ulici08.11.2018  Со пробивањето и подготовките за асфалтирање на улиците „Славчо Стојменски “ и „Поп Арсов Блаже“ целосно ќе се реализира годишниот план за комплетирање на сообраќајната мрежа во Ромското маало во Кочани.

Министерот Аксел Ахмедовски, одговорен за спроведување на стратегијата за Ромите во Македонија, при денешната посета на Кочани рече дека одличната соработка со Локалната самоуправа помогнала навреме да се заврши асфалтирањето на кракови од улицата “Стамен Манов“, како и да се решат други инфраструктурни и комунални проекти за ромската заедница. 

-За поздравување е работата на градоначалникот што најде сенс за проблемите со кои се соочува ромското население. Во тесна соработка се направени голем број проекти за средување на ромската заедница, односно за улиците каде што живее ромското население.

Повеќе...

prezentacija rodovo budzetska politika08.11.2018  Општина Кочани беше домаќин на претставници од граѓански организации од Молдавија и Албанија кои се вклучени во проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“, што со поддршка од Фондот за развој на жените на Обединетите нации - UN Women се реализира во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија.

На средбата во Локалната самоуправа беше речено дека целта на проектот е да се унапредат вештините и знаењата за анализа на програмите и буџетите на централно и локално ниво, а кои што се однесуваат на родово одговорното буџетирање.

-Користењето на алатката за родово одговорно буџетирање е во многу понапредната фаза во нашата земја отколку во Република Молдавија и Република Албанија, особено на локално ниво.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 44 гости и нема членови


web counter



qr code