Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ini pres divogradbi08.11.2018  Близу 40 илјади пријави за легализирање на бесправно изградени објекти поднеле граѓаните од единаесетте општини во Источно планскиот регион, што значи дека скоро во секое второ домаќинство има градба за која претходно не била добиена соодветна дозвола.

По поднесените пријави и елаборати постапката досега е завршена за нешто повеќе од 17 илјади дивоизградени објекти, односно 43,5 отсто за кои се издадени решенија, беше речено на прес-конференцијата на здружението Иницијатива на невработени интелектуалци - „ИНИ“ од Виница кое, во рамки на проектот „Имам право да знам“, ги истражуваше состојбите со легализацијата на бесправните градби во регионот.

- Законот за легализација на дивоградбите беше донесен од претходната Влада во 2919 година и до денес, 2018 година, ние не видовме ниту една анализа какви се ефектите од овој закон и како тоа се одразува на општината, како и на државата.

Повеќе...

racinovi nagrada08.11.2018  Голем успех за ученичката Сандра Костадинова од ОУ „Никола Карев“ на Детските Рацинови средби што во чест на поетот и револуционер Кочо Рацин секоја година се одржуваат во Велес.

Таа учествуваше со песната “Рацин вчера, денес и утре“ и во силна конкуренција ја освои третата награда.

-Прв пат учествувам на конкурсот Рацинови среби и задоволна сум од третата награда бидејќи е на државно ниво. Се подготвував под менторство на наставничката Гордана Јефтимова а се претставив со песна на тема „Рацин вчера, денес и утре“, рече Сандра Костадинова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

Повеќе...

zrnovci crkva08.11.2018  Со вечерна богослужба наспроти празникот и со Света Златоустова Литургија во Зрновци беше одбележан големиот христијански празник посветен на Св. Димитриј Мироточив Солунски кој што воедно е и храмова слава на истоимената црква и  празник на општината Зрновци.

Парохискот свештеник Лазар Коцев зборувајки за Светиот Димитриј им го честиташе празникот на сите верници и рече дека храмот посветен на истоимениот светител догодина ќе биде  преосветен од страна на надлежниот Митрополит Брегалнички и Архиепископот Стефан.

-Светиот Великомаченик Димитриј е патрон  на оваа парохиска црква. Пред неколку години со благослов на Митрополитот Брегалнички Св. Вмч. Димитриј стана и патрон на општина Зрновци, па секојдневно но и на овој ден се молиме да биде наши молитвеник и застапник пред Христа.

Повеќе...

ivica otcet07.11.2018  За само една година од мандатот на новата локална власт во Виница за инфраструктурни проекти во општината се инвестирани над 225 милиони денари.

Таа сума е рамна на вкупните вложувања од претходните осум години, поради што видливи се крупни зафати во изградбата на капитални објекти.

Овие податоци ги изнесе градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, во отчетот за работењето на локалната самоуправа во изминатиот едногодишен период, при што нагласи дека главни приоритети биле намалувањето на задолженоста и изградбата на сообраќајната и комуналната инфраструктура. 

Повеќе...

tribina lag07.11.2018  Во рамките на проектот “ЛАГ-НЕТ во Источниот и Југоисточниот плански регион“ што го имплементира Здружението ЦЕЛОР - Центар за локален развој од Радовиш, во Кочани се одржа трибина на која беше презентирана мрежата на Локални акциони групи од двата региона.

Домаќин на средбата беше Здружението за рурален развој ЛАГ БРЕГАЛНИЦА од Зрновци чија активност ја опфаќа територијата на општините Кочани, Македонска Каменица, Виница, Зрновци, Пробиштип, и Чешиново- Облешево.

Главна цел на средбата беше да се подобри меѓусебната комуникација на членовите и да се претстават досегашните спроведени активности на проектот за вмрежување на Локалните акциони групи од двата соседни региона.

Повеќе...

Natprevar goso vikentiev

07.11.2018  СОУ „Гошо Викентиев“ учествуваше на Натпреварот за гимназиии средни стручни училишта во Македонија за "Најдобар бизнис концепт 2018" што се одржа во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје.

Кочанското училиште беше претставено од учениците од IVе3 клас, Иван Данилов, Фидан Стоименов и Душко Манев под менторство на професорите Игор Митев и Тони Велков. 

Во силна конкуренција на 40 тимови од училишта од цела држава, екипата на СОУ „Гошо Викентиев“ влезе во најдобрите 16 екипи со проектот"Интелигентна кутија за лекови". За одбележување е и тоа што целиот натпревар се одвивал на англиски јазик, но тоа не претставувало проблем или пречка за добар резултат на нашите ученици, истакнуваат менторите.

Повеќе...

futsal goso vikentiev07.11.2018  Со натпреварот помеѓу двете средни кочански училишта стартуваа општинските училишни натпревари во футсал - машки. 

Во спортската сала во ОУ „Никола Карев“ учествува екипите на СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо сантов“. Екипата на училиштето „Гошо Викентиев“ извојува убедлива победа со резултат од 9:3 над училиштето „Љупчо Сантов“  со што си обезбеди учество на регионалниот турнир во футсал за средни училишта што ќе се одржи за две недели.

Учениците беа предводени од професорот по спорт и спортски активности Спирко Златков.

Повеќе...

gradski prevoz06.11.2018  По прекин од три месеци повторно започна да функционира општинскиот линиски превоз на патници во Кочани.

Автобусите возат на релацијата од населбата Оризари преку Усова чешма, Бавчалук, на спојот на улиците „Бел камен“ и „Страшо Ербапче“ до зоната Лесна индустрија. Транспортот на патници го врши компанијата „Тасим“ од Оризари со четири поаѓања дневно од понеделник до сабота, согласно одобрениот и регистриран возен ред. 

Од транспортната компанија рекоа дека од почетокот на обновувањето на услугата до сега немало проблеми.

Повеќе...

vakcini05.11.2018  Започна вакцинацијата против сезонски грип во Центрите за јавно здравје. За Кочани и општините кои што ги покрива кочанскиот центар за јавно здравје, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Зрновци и Чешиново-Облешево обезбедени се вкупно 3.100 дози на вакцина, што е за 700 повеќе од лани, информираат од Центарот.

Станува збор за четиривалентна, висококвалитетна вакцина која заштитува од четири видови инфлуенца две од типот А и две од типит Б и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Досега немаше бесплатни вакцини против сезонски грип, туку за сите лица чинеа по 400 денари.

За првпат годинава, Министерството за здравство на Р.Македонија набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија, појаснуваат од Центарот.

Повеќе...

saem na knigata05.11.2018  Во организација на библиотеката „Искра“, од 5 ноември, е отворен тринаесеттиот Саем на книгата во Кочани.

Годинава се претставуваат 15 домашни издавачки куќи со околу 1.300 наслови односно 5.700 книги од кои најголемиот број се нови изданија што се објавени меѓу двете саемски манифестации. Интересот кај читателите во изминативе години е голем, така што очекуваат да се повтори и оваа година, истакнаа од библиотеката „Искра“.

-Имаме голема понуда на книги за возрасни и за деца. За деца имаме богата понуда од сликовници, боенки и едукативен материјал. За возрасни имаме белетристика од сите жанрови. Се надеваме дека и оваа година интересот за саемот ќе биде голем, а имаме најавено и посети од основните училишта. Ја користам  приликата да ги поканам сите граѓани да го посетат саемот кој што ќе биде отворен до 10 ноември од 10 до 18 часот, рече Мара Анастасова, библиотекар.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 49 гости и нема членови


web counter



qr code