Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zrnovci111.06.2013 Се реконструира нисконапонската електродистрибутивна мрежа во Општина Зрновци. Со тоа, градоначалникот Блаже Станков очекува да се надминат проблемите со електронапојувањето, што се јавуваат поради дефекти и при невреме.

Се планира оваа инвестиција да се заврши за период од еден месец.

-Во изминатите неколку месеци ЕВН Македонија изврши промена на секундарната електрична мрежа, со тоа што беа поставени бетонски столбови, а се изврши и смена на уличното осветлување. Со тоа очекуваме да ги елиминираме проблемите што се јавуваа претходно-рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Повеќе...

GI-TO-411.06.2013 На крајот од секоја учебна година школата заедно со учениците подготвуваат јавен час на кој настапуваат без селекција сите ученици . Јавниот час има двојна цел. Родителите да видат до каде стигнале и што работеле нивните деца во текот на целата година и детето кое прв пат настапува да почувствува како е да се настапи на сцена свирејќи на омилениот инструмент.

-Имаме категории во неколку степени. Ученици кои се прв степен па се до шести степен на гитара. Целта ни е да опфатиме се она што во градот е потенцијал а поврзано со инструментот гитара. Сите оние деца кои покажале интерес за овој инструмент да им помогнеме и да ги усмериме на прав пат. Програмата опфаќа од популарна музика до македонски фолклор , изворна музика, до сериозна, класична музика.

Повеќе...

ednosalterska10.06.2013 За дваесетина дена се заокружува првото полугодие од годината, а наплатата на локалните даноци не е на задоволително ниво. Констатацијата важи и за данокот на имот и за комуналната такса. Тоа, според одделението за даноци такси и надоместоци е резултат и на објективни причини- одржувањето на локалните избори, што го пролонгирало доставувањето на решенијата и опомените. Наплатата на данокот на имот е под 40%.

-Доколку го погледаме соодносот на платени средства од 3 милиони 625 илјади и 426 денари во однос на облогот од 9 милиони 117 илјади и 763 денари за физички лица и 2 милиони 416 илјади и 580 денари за правни лица, се гледа дека досега се прибрани околу 35 проценти -рече Суад Мехмед, раководител на одделението за даноци, такси и надоместоци.

Повеќе...

Prskanje-Komarci210.06.2013 Иако требаше да се спроведе во доцните вечерни и раните утрински часови првата фаза од прскањето против комарци е одложена заради временски услови. Поради најавените неповолни прилики за третирање и во следните 48 часа, акцијата најверојатно ќе се спроведе во истиот термин со Чешиново - Облешево, општина која Владата ја вметна во приоритетниот план за дезинсекција во државата.

Запрашувањето ќе се врши од земја, на површина од 300 ха. Со акцијата ќе бидат опфатени зелените површини во градското подрачје, периферијата и низинските села. Ќе се врши третман на вегетативната форма на комарци, со намера да го заштити населението од појава на заразни болести.

Иако препаратот со кој ќе се прска е одобрен од Бирото за лекови и не е штетен за луѓето и големите цицачи, сепак се препорачуваат соодветни превентивни мерки.

Повеќе...

GARD 310.06.2013  Рекреативците на ГАРД – Кочани викендот не ги реализираа планираните и веќе најавени активности.

Автобусот што од Општината им бил ветен за да ги превезе до Пониква не се појавил  во договорениот термин. Па така, наместо да учествуваат во маршот на планина, рекреативците си останале дома.

Според координаторот на ГАРД, планираниот марш требало да биде нивната најдобро организирана спортско-рекреативна манифестација за што подготовките траеле дваесетина дена. Во подготовките за маршот рекреативците од ГАРД вложиле доста труд за трасирање на патеката, обезбедиле и присуство на лекар, возило за логистика и радио станица, а потрошиле и сопствени финансиски средства.

Повеќе...

MELNICARI10.06.2013  Најавите дека земјоделците бараат годинава килограм пченица да се откупува од 14 до 16 денари, на мелничарите им носат главоболки. Тие оценуваат  дека со сегашните услови на пазарот, кога има поевтина пченица од увоз, ќе бидат ставени во нерамноправна положба од свој џеб да ја покриваат разликата, односно сами да го кредитираат производството.

Некои откупувачи и преработувачи веќе најавуваат дека во такви услови размислуваат за отпуштање на дел од вработените или дури и за затворање на своите капацитети.

Тие сметаат дека се ставени во мат состојба, затоа што не можат да го исполнат законскиот услов според кој за еден килограм увозна, треба да откупат три килограми домашна пченица.

Повеќе...

IPR10.06.2013  Источниот регион треба да добие  нов просторен план, како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Целиот проект ќе чини околу 4 милиони швајцарски франци, од што една третина ќе финансира владата на Швајцарија.

Се работи за програма што во наредните 4 години ќе се спроведува на национално и регионално ниво. Од сите осум региони во Македонија, Источниот добива приоритет, заради што Центарот за развој на регионот е и стратешки партнер на Програмата.

На работна средба во Штип претставници од општините, од Агенцијата за просторно планирање и од Министерството за заштита на животната средина формираа координативно тело, кое ќе работи на подготовките за новиот просторен план.

Повеќе...

penzioneri10.06.2013 Интензивни подготовки да се повтори или да се надмине ланскиот резултат - четврти во државата. Кочанските пензионери се подготвуваат за регионалните спортски игри кои на 15 - ти месецов ќе се одржат во Виница. Ќе учествуваат здруженијата на пензионери од општините источниот регион - Кочани, Берово, Делчево, Виница, Каменица и Пехчево.

-Во текот на минатиот месец имавме меѓуограночни и општински игри. Најдобрите ќе одат на регионалните игри . Ние веќе 20 дена интензивно се подготвуваме за регионалните , истакна Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Кочанските пензионери ќе се натпреваруваат во сите спортски дисциплини – влечење јаже, атлетика, стрелаштво, трчање мажи, трчање жени , скок од место, тробој, двобој, фрлање ѓуле. Тие ќе се одржат на виничкиот стадион.

Повеќе...

osogovo310.06.2013 Од ФК „Осогово“ велат дека сакаат да стават крај на сите местенки кои ги направиле истите луѓе на кои пред една година им бил оставен клубот на управување за ист толкав период.

„Околу тоа кој е легитимен претставник на клубот не сакаме да пишуваме, бидејќи потврди за легитимноста уште на крајот на минатата година испратија и Централниот Регистар на РМ, Агенцијата на млади и спорт на РМ, а ФФМ преку „Мак фудбал“ објави дека претседател на клубот е Крсте Крстев.

Не сакајќи да ја комплицираме работата во текот на првенството и клубот да се пресели во општинска лига, одлучивме на „гробарите“ на кочанскиот фудбал да им го оставиме клубот до крајот на првенството, бидејќи тие ветуваа дека ќе го обезбедат првото место и дека во најмала рака ќе играат бараж за втората лига.“

Повеќе...

Trotoar-Reka

07.06.2013  Нов изглед ќе добие дел од тротоарот  од десната страна на реката. Раскопаниот  асфалт, на кој зјаат големи дупки  и пукнатини на реконструкција чека со години. Граѓаните повеќепати реагираа дека оваа пешачка површина покрај кејот е едно од препознатливите обележја на градот, заради што заслужува поголемо вниамние.

Од Локалната самоуправа најавуваат дека дошол редот и на овој потег, со должина од околу 350 метри. Неговото уредување било во рамки на градежната офанзива за поставување бехатон плочки во централното градско подрачје.

 - Деновиве ќе се отпочне со  реконструкција од десната страна  на Кочанска река, односно од  мостот кај Домот на културата, па се до Шопинг центарот. Можно е да се продолжи и понатаму со поставување нови бехатон плочки до триаголникот, рече Влатко Димитров, раководител  на Сектор за урбанизам.

Повеќе...

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 39 гости и нема членови


web counter



qr code